Овие две држави во Европа ќе воведат „корона- пасоши“

Шведска досега беше позната по својот посебен начин на борба против пандемијата на коронавирус.

Наместо затворање, како што беше случај во другите европски земји, шведските власти првично сметаа на т.н. имунитет на стадо, а подоцна и на здравиот разум.

- Advertisement -

И поради таквата политика, Шведска собра многу критики. Досега, според Универзитетот Џон Хопкинс од САД, 600.000 луѓе биле заразени со коронавирус во Шведска.

Како прво, како што објаснува Андерс Игеман, овој дигитален сертификат за вакцинација треба да послужи како доказ за вакцинација против коронавирус.

Во исто време, ова може да му овозможи на носителот да посетува културни или спортски настани или да му дозволи слободно патување. Инфраструктурата за контрола на овој документ треба да биде подготвена до 1 јуни.

- Advertisement -

Дури и пред Шведска, Данска го презентира овој вид документ, што, пред сè, треба да им го олесни патувањето на деловните луѓе.

Корона- пасошот во Данска треба да биде или во форма на запис на веб-страницата на данското Министерство за здравство или во паметниот телефон на сопственикот.

Но, во моментов во двете скандинавски земји само мал број граѓани можат да имаат корист од проектот за дигитален корона пасош.

- Advertisement -

Според податоците на интернет-платформата „Наш свет во податоци“, досега во Данска се вакцинирани само 6,87 проценти од граѓаните (заклучно со 14 февруари), а во Шведска 4,53 проценти.

Состојбата во овие две земји е слична на онаа во Германија, каде што само 4,95 проценти од населението досега ја примиле вакцината против корона. Слично е и во остатокот од Европската унија. За споредба, Израел веќе вакцинирал 74 проценти од населението.

Колку Швеѓани ќе бидат вакцинирани е под знак прашалник. Познато е дека земјата е особено скептична во однос на вакцинирањето, откако се појавиле масивни здравствени проблеми кај децата десет години по вакцинацијата од свински грип.

Стотици вакцинирани последователно добиле напади на нарколепсија, предизвикувајќи еден од најголемите медицински скандали во историјата на земјата. А, Швеѓаните сè уште добро го паметат тоа.

Со корона-пасош, вакцинираните може да уживаат придобивки.

Критичарите, исто така, во придобивките од вакцинацијата гледаат еден вид присила да се вакцинираат на мала врата, нешто што политичарите жестоко го негираат.

Тоа би можело, вели германскиот министер за внатрешни работи, дополнително да ја подели земјата. Но, исто така, да ја поткопа довербата во политиката што досега одбива да воведе обврска за вакцинација.

Покрај тоа, многумина дури не можат да се вакцинираат од здравствени причини, како што се алергии или бременост. Сите тие, без нивна вина, би биле исклучени што се однесува до привилегијата, пишува Дојче Веле.

Некои други земји, како што се Грција, Кипар или Шпанија, исто така, бараат воведување на некој вид „корона-пасош“ што ќе им овозможи на вакцинираните да патуваат слободно. Тоа би било добро за туристичката индустрија во овие земји.

Во Полска и Романија, оние што веќе се вакцинирани по влегувањето во земјата, се ослободуваат од карантин.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!