Овие уреди дома трошат струја и кога се исклучени – спасете се од големи сметки

Постојат апарати дома кои влечат струја дури и кога се исклучени. Гасете ги од штекер и намалете си ги сметките за електрична енергија и спасете се од главоболки.

Телевизоротсамо го ставате во состојба на мирување кога го гасите со далечинскиот управувач, а и понатаму влече електрична енергија. Следен пат целосно изгасете го од штекер. Тука е и полначот за мобилен телефон кој никако не треба да стои во струја, дури и кога не го полните телефонот. Не ја правете оваа грешка и намалете си ги сметките.

Овие 6 начини ќе ви помогнат да ја намалите сметката за струја. Кога говориме за начини за намалување на сметките за струја, тогаш говориме за рационално користење на електричните уреди и апарати. Многумина мислат дека енергетската ефикасност (или заштедата) се постигнува со исклучување на апаратите во домот или работните простории.

Да, точно е дека исклучувањето на апаратите ќе обезбеди заштеда на електрична струја, но на тој начин ние ја рушиме нашата удобност. Терминот енергетска ефикасност е модел на заштеда на енергија – но со постигнување на исто ниво на комфор.

Штедењето како модел треба да се разгледува од два аспекта. Едниот аспект е постигнување ниво на свест кое подразбира одговорно користење на енергијата од страна на потрошувачот и одговара на прашањето што јас можам да направам сега за да си ја намалам сметката во иднина.

Другиот аспект пак, подразбира долгорочно планирање и создавање на услови кои сами по себе гарантираат рационално користење на енергијата – а со тоа директно придонесуваме кон намалувањето на висината на месечните сметки за струја. Ова второво го опфаќа нашиот однос кон планирањето на енергетски-ефикасен простор (изолација, соларно греење…)

Без разлика дали сакате да ја намалите висината на Вашата месечна сметка за електрична енергија во домот или на работното место, постојат неколку лесни совети кои што ќе Ви помогнат да го постигнете тоа.

Замени ги старите светилки со нови штедливи – Дали знаевте дека старите светилки користат стара технологија која воопшто не е енергетски ефикасна? Затоа, заменете ги старите светилки со нови, штедливи лед светилки. Цената на истите се движи од 4-7 евра по една светилка.

Но, она што го забораваме во такви ситуации е дека и покрај високата цена на штедливите светилки, тие трошат помалку електрична енергија и имаат и до 10 пати зголемен работен век. За споредба, ќе земеме два типа на светилки: класична од 100 W и штедлива светилка од 23 W.

Претпоставуваме дека двете светилки ќе светат во просек 5 часа дневно и ќе ставиме единствена тарифа и цената на таа тарифа од 3,34 ден. Класична светилка по овие параметри годишно ќе потроши околу 182 kWh, што по цена од 3,34 денари изнесува 607.88 денари. Штедлива светилка по овие параметри годишно ќе потроши околу 42 kWh, што по цената од 3,34 денари изнесува 140.28 денари.

Исклучи го греењето кога прозорците се отворени – Токму така. Пред да се одлучите да ги исклучите/уклучите уредите за греење во просторот кој што сакате да го проветрете, осигурете се дека прозорците се затворени/отворени бидејќи на тој начин уредите без потребно ќе ја трошат електричната енергија.

Поставете квалитетна изолација во домот – Квалитетна изолација во домот е долгорочна инвестиција која спаѓа во делот на создавање на услови кои сами по себе гарантираат рационално користење на електричната енергија. Квалитетната изолација во објектот ќе допринесе да потрошите помалку струја за ладење во летниот период и помалку струја за греење во зимскиот период.

Купувајте енергетски ефикасни апарати – При купување на нов уред за домот, како фрижидер, машина за перење алишта или клима уред, најчесто се водиме од цената а дури потоа од функционалноста на уредите. Дури на крајот критериум за купување ни е потрошувачката на електричната енергија на уредот кои сакаме да го купиме.

За среќа, производителите во Европската Унија се повеќе работат на развивање на апарати кои што ќе бидат енергетски ефикасни. Така, преку воведување на енергетски класи означени со етикетите на уредите – тие започнаа да воведуваат “нова ерa’’ која освен што ќе биде во насока на подигнување на свеста за заштеда на целокупната електрична енергија на Земјата, ќе има за цел да ја заштеди потрошувачката на електрична енергија и во нашите домови.

Така, ознаката ‘’А’’ значи енергетски најефикасен уред, ознаката ‘’B’’ значи одличен, C добар и тн. Значи, колку уредот е поблиску до A, толку уредот троши помалку енергија. Дополнително, производителите означуваат уште 2 други класи: A+ и A++. Оние уреди кои што се дополнително означени со ‘’+’’ означуваат додадена енергетска ефикасност – надвор од пропишаните стандардите за енергетско-ефикасни уреди и апарати.

Следете ги часовите/деновите за евтина струја – А дали знаевте дека најголеми потрошувачи на електрична енергија се бојлерот и фрижидерот? Затоа, за да ја намалите висината на сметката за струја, пробајте бојлерот да го вклучувате во часовите кои тарифираат броила по евтина тарифа.

Покрај стандардната ноќна евтина тарифа која трае од Понеделник до Сабота од 22:00 до 07:00 часот, постои и дневна тарифа за евтина струја која започнува од 14:00 до 16:00 часот секој работен ден и сабота. Во недела пак, евтиното тарифирање трае цел ден. Побарајте детален извештај за електрична енергија во Вашето домаќинство.

Дали знаевте дека на задната страна на секоја сметка се содржат податоците за просечната дневна потрошувачка на корисникот во киловат-часови и во денари и истите се достапни за секоја последователна сметка? Дополнително, во сметката имате и примери за просечната потрошувачка на апаратите за домаќинство. Овие информации може да се искористат како одличен индикатор за пресметување на потенцијалот за заштеда на електрична енергија во домот и истите би ви помогнале да разберете со кои уреди треба порационално да управувате.

Што треба да научиме од сето ова? Апаратите ги исклучуваме само кога не ни се потребни, а доколку станува збор за апарати со застарена технологија, истите ги заменуваме со нови, енергетски ефикасни уреди кои што трошат помалку електрична енергија.

На тој начин, ние долгорочно ќе придонесеме за намалување на висината на сметките за електрична енергија. Исто така, доколку имате стари електрични уреди кои што се енергетски не ефикасни, заменете ги со нови со ознака А++ бидејќи на тој начин ќе придонесете за намалување на висината на сметката за струја.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!