Овој маж 10 години живеел како бездомник: Одеднаш се појавила една жена и сѐ се изменило засекогаш…

Животот често нѐ става на испит и проверува дали сме зачувале барем малку од нашата човечност која на почетокот била всадена во нас. За жал, човечноста се пројавува сѐ поретко. Но, сепак има надеж!

Тоа го докажува оваа неверојатна и трогателна приказна за Џек, кој 10 години живеел како бездомник и судбината целосно му го свртела грбот. Едно утро пред него се појавила една зашеметувачки убава дама и сѐ се превртело наопаку.

Кога Џек го слушнал нејзиниот поздрав, се намуртил, сметајќи дека пак ќе стане жртва на потсмев и навреди. Но, наместо тоа дамата го прашала дали е гладен. Убеден дека го прашува за да се подигрува со него, тој ѝ одговорил „не“ со целиот сарказам на кој е способен.

Но, жената била упорна и го поканила во еден кафе бар отспротива за да се нахрани и да се стопли. Тој се спротивставил, но со помошта на еден полицаец кој патролирал во близина, дамата го остварила својот план. Но, сопственикот на локалот одбил да сервира на бездомникот, велејќи дека ќе му ги избрка муштериите.

Тогаш дамата открила дека е шефица на моќна компанија која во тој клуб секоја седмица организира забави. Сопственикот веднаш го сменил однесувањето и на стариот Џек му го сервирал најдоброто јадење. Дамата тогаш почнала да му ја раскажува својата приказна, откривајќи го мотивот за својата добрина.

Имено, кога се наоѓала во тежок момент во нејзиниот живот, влегла во истиот локал во кој тогаш како бармен работел токму Џек. Немала ни скршена пара, била без работа и само што ја избркале од станот. Влегла и го замолила Џек да ѝ даде некаква работа во замена за храна. Тој ѝ објаснил дека тоа е во спротивност со политиката на фирмата.

Тој ја послужил со обилен оброк на негова сметка и ѝ посакал среќа. Уште следниот ден Пенелопе Еди си нашла прекрасна работа, а веќе по една година станала шефица на успешна фирма. Добрите вести за Џек не завршиле со тоа. Таа сега нему му понудила работа, давајќи му аванс за да застане на свои нозе и да си најде стан.

Трогнат, тој само успеал да проговори: „Дали некогаш ќе успеам да ти се оддолжам за ова.“ Нема потреба да ми се заблагодаруваш, му одговорила Пенелопе. „Јас сум благодарна на Бога, што ми дозволи да те сретнам.“ Така е тоа во животот. Еднаш си горе, другпат долу, но човечноста никогаш не треба да се заборава.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!