ОГЛАС: Макпетрол бара работници за овие работни позиции – секој може да аплицира

Со вкупно 126 станици со современа понуда на производи и услуги, Макпетрол располага со најголемата мрежа од бензински станици во Република Македонија.

Покрај тоа, во производите и услужните дејности на компанијата имаат доверба и многубројни деловни клиенти, оператори на возни паркови, шпедитерски и транспортни компании, обата македонски аеродрома и индустриски субјекти со различни дејности.

Уште од основањето пред близу седум децении, Макпетрол отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина.

Од Макпетрол објавија три огласи за работа за вкупно 6 лица.

„Макпетрол“ А.Д. – Скопје распишува О Г Л А С за вработување на: 2 (двајца) работници на работно место ПРОДАВАЧ II категорија на бензинска станица во Ресен во Регион Битола. Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 22.000 денари (ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ)

2 (двајца) работници на работно место КОНТРОЛОР ЗА ПРЕГЛЕД НА БОЦИ III група во Скопје. Работно време од 07 до 15 часот, слободни викенди. Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 22.000 денари. (ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ)

2 (двајца) работници на работно место БРАВАР III група во Скопје. Работно време од 07 до 15 часот, слободни викенди. Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 23.000 денари.(ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ)

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!