Рецепт кој со генерации се пренесува, лекува настинки, бронхитис и гингивит, се наоѓа и прави многу лесно. Имено медот од глуварче е лесно да се направи, посебно во овој период кога глуварчето го има насекаде.
Освен за бронхит и кашлица, овој мед е особено препорачан за луѓе кои имаат висок холестерол, како и за оние кои стра-даат од „замастен црн дроб“, а помага и кај инфекции на уринарниот тракт. Цветовите се берат од април до мај, листовите додека глуварчето е сè уште младо – пред да почне да цвета (бидејќи подоцна добиваат горчлив вкус), а коренот се вади во рана пролет или рана есен.
Треба да подготвите 200 набрани цветови од глуварче, 2 исцедени лимони, 2 литри вода и околу 2 килограми шеќер. Прво, глуварчето добро се мие, па кога ќе се исцеди, се става со два литра вода и се готви 20 минути до првото вриење. Кога ќе зоврие, процедете ја содржината од тенџерето.
Сега ставете 2 килограми шеќер во течноста што ја исцедивте и повторно ставете ја на оган и мешајте додека количината да се намали за половина. Потоа додајте го лимонот и продолжете да мешате. Внимавајте шеќерот на дното да не ви загори, па затоа мешајте постојано додека да добиете густина на мед. Кога ќе ја достигнете соодветната густина, тогаш складирајте ја топлата смеса во тегли и медот е подготвен.
Сируп од глуварче без рецепт за готвење. Сирупот од глуварче се прави слично на медот од глуварче, само што е има малку потечна состојба од медот. Овој сируп не се вари, но сепак, пред сè треба да го сварите глуварчето што ви е потребно, во количина од 300 грама. Потопете го глуварчето во вода и оставете го да зоврие до „прв клуч“.
Оставете го преку цела ноќ и добро исцедете го следното утро. Во овој пијалок додајте 1,5 кг шеќер, 3 ванилин шеќер и 2 лимони кои ќе ги исечете на парчиња (претходно измијте ги добро). Дури сега започнува подготовката на мед од глуварче.
Ставете го тенџерето на рингла и вклучете ја на најниска температура. На овој начин ќе дојде до загревање и испарување, но не и до варење на смесата. Ова е потребно да се направи со цел да се добие соодветна густина на сирупот, која не смее да биде многу ретка или пак, густа како медот.
Цветовите на глуварчето се богати со витамини A, Ц, Б2, Д и Г, како и со корисни минерали, како што се калиум, калциум, фосфор и железо. Глуварчето помага при регулирање на работата на бубрезите и мочните канали, ја чисти слезината и го намалува холестеролот.
Цветовите на глуварчето се богати со протеини, поради што се користат за лечење на анемија, кожни проблеми и нарушувавања во крвта, а делотворни се и во борбата против депресијата.