Одличен рецепт: Како правилно да чувате лук и до 2 години, а да не се исуши, скапе или да овене

Доколку пролетва сте посеале лук, сега веќе мора да го извадите од земја. Ова одличен совет за тоа како да го сочувате лукот во текот на зимата, но и подолго. Имено, ако го чувате лукот на таван, ниту едно чешне нема да се исуши, скапа или овене и до 2 години!

Извадете го лукот од земја сосе стебленцето и корено. Не чистете го од земја и не го мијте. Оставете го на сонце околу 2 недели, а потоа, лукот со стебленцето, коренот и остатоците од земја, ставете го на таван.

По три недели сушење, отсечете го стеблото, но никогаш коренот. Така лукот ќе ги сочува сите нутритивни состојки. По отсекувањето на стебленцето, во гајбата сипете тенок слој сол, со околу 1 до 2 см дебелина.

Наредете го лукот и покријте го со хартија од весници. Вака складираниот лук може да трае и до 2 години, а притоа ниту едно чешне да не се исуши, скапа или да ја промени бојата.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!