Од утре сметки ќе се плаќаат и во пошта – Еве колку ќе биде провизијата

Од понеделник. 01. март 2021 година започнува функционирањето на платниот промет во „Македонска пошта“ па граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат сметките и да вршат други плаќања во готово.

„Согласно договорот потпишан меѓу Македонска пошта и Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, Халкбанк ја исполни својата обрска според која до 1 март требаше да го имплементира системот за наплата за Македонска пошта.

Платниот промет, во првата недела ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта,“ се вели во соопштението од „Халкбанка“.

Провизиите, според информациите, ќе изнесуваат 35 денари за плаќање на сметки, а висината на провизиите за уплати кон буџетските установи е во зависност од износот кој се уплаќа

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!