„Отидов непоканета кај мојата ќерка на гости и зажалив неверојатно многу“

Ја воспитав Полина сосема сама. Кога Поли беше мала, не можев да му овозможам сè на моето девојче, како што добиваат децата на богатите родители. Но пак, отсекогаш бев сигурна дека ќе дадам сè од себе за мојата прекрасна ќерка.“

Во продолжение прочитајте ја тажната приказна на една мајка која по една непланирана посета на нејзината ќерка, дозна многу работи и остана со скршено срце: „Навистина многу се трудев да обратам внимание на Поли. Таа беше добар ученик и се трудев да ја платам секоја прошетка и екскурзија.

Бев сигурна дека кога ќе отиде на факултет, а потоа и ќе се омажи, нејзиниот живот ќе стане многу полесен. И така дојде време кога мојата ќерка се омажи и се пресели да живее кај нејзиниот сопруг.

По одредено време решив да ја посетам Полина и да го израдувам зетот со домашно приготвени баници. Кога пристигнав кај нив, ќерка ми ја отвори вратата и беше видно нервозна. Уште на прагот ми рече дека требало да се најавам дека ќе дојдам, бидејќи нејзиниот дом не е кралски двор за прошетки.

Се согласив со неа, можеби избрав погрешен момент и требаше да се јавам на моето дете. Кога седнавме ние двете да пиеме кафе, таа ми кажа работи кои претходно не ги знаев, а ја искористи можноста бидејќи сопругот беше на работа.

Ми рече дека целиот нејзин живот патела поради мене. Се срамела од мене, бидејќи не се облекував модерно како останатите мајки. Рече дека едноставно не можела веќе да ја поднесе сиромаштијата и едвај чекала да се омажи.

Полина ми рече дека нејзиниот живот бил уништен поради мене, бидејќи за многу работи сум штедела пари. Бев шокирана. Не знаев за овие работи. Таа цело време била незадволна, а јас дури сега дознавам за ова.

Во тој момент си помислив дека нема што да сокривам од неа. Полина не беше посакувано и планирано дете, во младоста бев силувана од мојот млад пијан сосед и така останав бремена. Невозможно ми беше да разговарам за ова и целиот живот се чувствував понижено.

Полина беше лута, но во тој момент не можев да кажам зошто имала несреќно детство. И зошто? Минатото не може да се врати, а најмногу од сето ова жалам што не сум го научила моето дете отворено да зборува за неговите чувства. Можеби тогаш сето ќе беше поразлично.

Мислев по одредено време да ја кажам вистината на Полина, но сега бев скршена. Моето сопствено дете за кое најмногу се трудев, сега ме отфрли. Таа е сè уште млада и не знам дали Полина некогаш ќе може да ми прости што имала тешко детство, во кое недостасувала мојата мајчинска љубов.“

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!