На келнерка од Тексас ѝ бил земен бакшиш од 2.000 долари кој го добила од гостин затоа што ресторанот во кој работела немал можност да обработи така голем износ на награда.
Емили Бауер работи во ресторан во Сан Антонио. После само две недели од вработувањето, ѝ се случило да работи сама, и во текот на големи гужви за време на викендите.
Како што раскажала за локалните медиуми, во еден момент била принудена да му се извини на клиентот поради бавната услуга.
-Тој ми рече дека се е во ред. Само додаде дека ја откажува својата нарачка, но да му донесам сметка. Тоа и го направив и не бев свесна за неговата намера – рекла таа.
Дури откако заминал, девојката забелержала дека гостинот ѝ оставил многуѕ голем бакшиш од дури 2.000 долари.
-Бев во шок кога ја видов цифрата. Почнав да плачам и помислив дека тие пари ќе ги потрошам на децата – рекла келнерката.
Меѓутоа, наскоро следувал лош пресврт: управата на ресторанот ѝ рекла дека не можат да ѝ го исплатат бакшишот затоа што според правилата на работење, најголем бакшиш е 500 дсолари.
Вознемирената келнерка потоа побарала ресторанот јасно да напише дека таа не прифаќа толку голем бакѓшиш, за да не се случуваат исти работи.
Но тоа не е се. следувал уште еден пресврт, ресторанот соопштил дека на гостинот кој го платил бакшишот му била одбиена картичката.
На социјалните мрежи се пишуваат погрдни коментари на сметка на ресторанот, а потоа уште еднаш се огласила и Емили, која рекла дека луѓето треба да престанат да го критикуваат ресторанот затоа што на крајот нејзиниот шеф ѝ дал бонус од 2.000 долари.