Открил ужасна вистина за жената која ја сакал: Не го изневерувала туку полошо

Двајца мажи станаа пријатели откако открија дека се оженети со иста жена. Крис Томас и Питер Шерат од Велика Британија се запознале кога откриле дека двајцата се оженети со Керен Шерат (45).

Нивното пријателство сеуште трае и тие викаат дека тоа е единствената добра работа, која произлегла од лошото искуство што го имаа.Керен е осудена на 4 месеци затвор поради бигамија.

- Advertisement -

„На многумина им е чудно како толку добро се сложуваме. Меѓутоа, поврзани сме со иста поранешна жена. И двајцата не маѓепса и нашето пријателство е резултат на тоа“ – изјави Томас.

Керен веќе била омажена кога го запознала Шерат во 2005 година. Нивната врска се движела во одличен правец и тие набрзо решиле да се венчаат. Меѓутоа, кратко по венчавката, Питер бил загрижен тоа што парите од нивната заедничка банкарска сметка почнале да се намалуваат.

Година дена подоцна, Питер ја оставил сопругата во нивниот заеднички дом. Шест години подоцна, Керен го запознала Томас на сајт за запознавање, а Томас брзо паднал на нејзините „моќи“, баш како и Питер. После 4 месеци врска, одлучиле да се венчаат.

- Advertisement -

Меѓутоа, тоа што Томас не го знаел е дека Керен формално сеуште била во брак со Питер. Тој дознал за тоа дури минатиот декември, кога во нејзината торба за лаптоп пронашол формулар за барање за развод.

Очаен, ги ископирал документите и ги оставил на стол, а потоа ја напуштил нивната куќа.

- Advertisement -

„Нашето пријателство е единствената добра работа, која произлезе од овој пекол“ – објаснува Томас. Крис Томас и Питер Шерат од Велика Британија се запознале кога откриле дека двајцата се оженети со Керен.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!