Парите му паднале од небо: За неверојатна сума го продаде метеоритот кој падна на неговата куќа

Индонезиецот Џошуа Хутагалунг станал милионер откако метеорит вреден речиси два милиони долари му паднал на куќата, го пробил кровот и се закопал во земјата. 33-годишниот столар во август во дворот на својот дом на Суматра правел сандак, кога вселенскиот камен паднал на неговиот дом и го пробил кровот.

“Беше многу гласно, а делови од куќата се тресеа. Кога отидов да погледнам што се случува, забележав дека дел од кровот е пробиен”, се потсетува Хутагалунг. Набрзо го пронашол и виновникот – 1,8 килограми тежок метеорит се забил 15-тина центиметри во земја.

Кога на интернет се прочуло за настанот, експертот за метеорити Џаред Колинс, кој живее на Бали, отишол кај Џошуа за да купи каменот. Било откриено дека метеоритот е стар 4,5 милијарди години и дека неговата вредност е повеќе од доволна за да се замени кровот на куќата.

Многу реткиот тип на метеорит бил проценет на повеќе од 850 долари по грам. “Отидов кај него со сите пари што успеав да ги соберам. Џошуа е паметен преговарач”, вели Колинс.

Медиумите пренесуваат дека индонезискиот столар добил околу 1,5 милиони долари за метеоритот – колку што за 30 години би заработил.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!