Пациент сведочи дека и болки во грбот се симптом дека сте се заразиле со коронавирусот

Списокот на симптоми за ковид-19 станува се подолг. Еден од оние што лекарите не можеле логично да го поврзат со коронавирусот кој ги напаѓа белите дробови, а сè почест кај пациентите, е болката во грбот.

За тоа сведочи Д.К. (67) од Земун, Србија кој завршил во болница благодарение на одличниот дијагностичар кој спречил можност целото семејство да биде заразено со вирусо – неговата сопруга, ќерка, син, снаа и двајца внуци со кои живее под ист покрив, пишува Телеграф.

„Ме болеше грбот два дена“, а бидејќи никогаш порано немав такви проблеми, се консултирав со фармацевт и таа ми препорача аналгетик. Купив  „диклофенак“ и почнав да го земам, но дури и по два дена не се чувствував подобро, па решив да одам во ординацијата во здравствениот дом. Лекарката добро ме познава, таму се лекувам десет години и знае дека освен високиот крвен притисок што го регулирам со лекови, немам никакви хронични заболувања – зборува пациентот за своето искуство со ковид-19.

Кога тој  се пожалил на болка во грбот која не поминувала, лекарката го прашала дали контактирал со некој што бил позитивен на вирусот корона.

„Реков дека не знам, бидејќи и покрај тоа што се грижам и не одам никаде без маска, постои можност да сум се сретнал со некој што е асимптоматски во продавница, пошта или јавен превоз. Таа веднаш ме испрати да направам тест за ПЦР. Бев зачуден, особено што немав никакви симптоми, ниту пак некој од моето семејство кашлаше, имаше треска, се жалеше на болка во белите дробови. Вистинскиот шок се случи кога пристигнаа резултатите од тестот – бев позитивен за вирусот корона. Веднаш ме упатија во болница. За само неколку дена мојот живот се преврте наопаку! Бев во болница 12 дена и бев пуштен дома по два негативни теста – раскажува пациентот и додава дека ненадејната болка во грбот престанала, а за време на неговиот престој во болницата немал некои од познатите респираторни симптоми на инфекција.

Kардиологот и директорка на КБЦ „Бежанијска коса“, д-р Марија Здравковиќ вели дека има многу пациенти кои имале болки во грбот, па затоа дури и се јавиле на физиотерапевт поради таа болка.

– Честопати тоа е корона. Вирусот напаѓа така, знаеме дека ги напаѓа не само белите дробови, туку и мускулите и нервите, тој локомоторен систем, а потоа одеднаш чувствувате болка по целото тело, слабост, замор … Сите овие се симптоми што можат да објават корона – вели докторката.

Од друга страна, истакна д-р Здравковиќ, има и пациенти кои се појавуваат поради треска, сомневајќи се дека се позитивни на корона вирусот, но по ПЦР-тестот, излегува дека станува збор за некој друг вирус.

Извор: Plusinfo.mk

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!