Пендаровски: Бугарија бара во македонските учебници да влезе дека до 1945 македонскиот јазик бил бугарски

Претседателот Стево Пендровски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека бугарската министерка Екатерина Захариева прави замена на тези кога вели дека тие го почитуваат правото на самоопределување.

-Не би сакал да им давам совети на бугарските колеги. Најтешката работа е првото вето, после е далеку полесно да го одржуваш. Најтешко е првото вето, да ги убедиш другите членки дека си во право.

- Advertisement -

А, Захариева прави замена на тези кога вели ние го почитуваме правото на самоопределеување. Ќе се обидам да ги симплифицирам барањата на Бугарија. Бугарија вели ние не го признаваме македонскиот јазик и тој го нарекуваме официјален јазик на Република Северна Македонија.

Затоа Бугарија бара ЕУ да не користи формулација македонски јазик во ниту еден докумемент, од кога станала кандидат за членство, па и кога ќе стане полноправна членка.

Бара историската Комисија да се согласи дека 1945 година македонскиот јазик бил дијалект на бугарскиот и следствено на тоа и во македонските учебници да влезе дека до 1945 македонскиот јазик бил бугарски јазик. Исто и со народите, вели Пендаровски.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!