Меланија Трмп е моментално американската Прва дама и сопруга на претседателот на Америка, Доналд Трамп. Анализирајќи го парот, експерт за говор на тело сугерира дека можат да имаат некои клучни разлики.
Меланија Трамп (50) е во брак со претседателот на Америка Доналд Трамп (74) од 2005. година. Парот се запознал на забава во 1998. година и имаат едно дете, 14 годишниот Барон Трамп. Кога се запознале, Меланија работела како модел, додека Доналд бил успешен бизнисмен. Се вериле после шест години забавување и се венчале на Флорида, на 22. јануари 2005. година.
Од 2017. година, Доналд е инаугуриран, а Меланија стана првата дама на Америка. Оваа улога ќе ја задржи до јануари 2021. година, кога ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател Џо Бајден.
Меланија и Доналд настапувале заедно многу пати во текот на последните години. Така, минатата недела, првата дама му се придружи на својот сопруг на собирот во Џорџија. Анализирајќи ги фотографиите, експерт за говор на телото Џуди Џејмс, објаснила дека постојат некои клучни разлики помеѓу нив.
-Меланија е статична, но и потценета како што наложуваат нејзините гестови, додека Доналд е доминантен – изјавила таа.
Меланија делува сталожено и елегантно, но очигледно е дека тоа е увежбано во една фаза од животот, додека кај Доналд тоа е прашање на спонтаност. Експертката објаснила дека нивните спротивни ставови во јавноста се најзапазени набрзо после инаугурацијата на Доналд.
Кога за прв пат положи заклетва, алфа ставот на Трамп од старата школа ги освои широките маси, а изгледаји одлучно, успеа да ја задржи целата слава и улога на претседател.
-Доколку со некој би можел да заблекса пред рефлекторите, попрво тоа би било неговата ќерка, отколку неговата сопруга. Меланија никогаш не била претставена како половина од визуелниот дуалитет на начин на кој тоа го правеле претходните Први дами како Мишел Обама. И додека Трамп се презентираше на светската сцена, Меланија изгледаше повеќе како корпоративна сопруга.
Меѓутоа, според зборовите на Џуди, Меланија со престојот во Белата куќа, поработи на својата самодоверба, и парот ги искористил своите разлики како свои предности.
Истакнувајќи ги сите контрасни карактеристики помеѓу неа и Доналд, изгледа дека тие сепак создале добра формула.
Така, со текот на времето Меланија започнала да го усвојува говорот на телото на кралската моќ, стоејќи исправено и привлекувајќи го цело внимание со својот сопруг, овозможувајќи важна рамнотежа за неговите спонтани и автентични настапи. Нивната популарност би била се поголема кога би започнале да се држат за раце.
Пет факти за првата дама на Америка
1.Јазици
Меланија зборува повеќе јазици отколку било која друга Прва дама пред неа: англиски, француски, германски, италијански, српски и словенечки, а со сигурност можеме да кажеме дека покрај толку јазици, таа може да го разбере и македонскиот, поради нејзините силни врски на балканот.
Тоа ја прави и единствената прва дама чиј мајчин јазик не е англискиот.
2. Религија
После Жаклина Кенеди, Меланија е втората прва дама која е католик. Папата Фрањо го запозна во рамките на иностранската турнеја со сопругата и неговата ќерка од првиот брак, Иванка.
3. Кариера
Меланија била успешен модел, позирајќи за Sports Illustrated, Vaniti Fair, Vogue, Harper’s Bazaar и GK.
4. Семејство
Родителите на Меланија се Амалија и Виктор Кнаус, а парот живее заедно во Вашингтон. Има и една сестра Инес, за која се наведува дека живе во Њујорк и работи како уметник.
5. Добротворна работа
На 7 мај 2018. година Меланија ја започна својата водечка кампања како Прва дама, “Биди најдобар”, која Белата куќа ја опишува како “кампања за подигнување на свеста која во целост е насочена кон добробит на децата”.