ПЛАТА 22.000 денари: Макпетрол АД Скопје ќе вработи 7 кандидати

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје распишува огласи за:

Продавач II категорија – 4 кандидати – Куманово (линк за повеќе детали и аплицирање)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: Завршено средно образование; Работно искуство од најмалку 1 (една) година; Познавање на англиски јазик.

Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени. Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела. Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 22.000 денари.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Продавач – касиер I категорија – 3 кандидати – Тетово (линк за повеќе детали и аплицирање)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: Завршено средно образование; Работно искуство од најмалку 1 (една) година; Познавање на англиски јазик.

Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени. Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела. Основната плата за горенаведените работни места изнесува 22.000 денари.

Прекувремената работа, работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!