Повикал деца бездомници во ресторан за да ги нахрани, а потоа сметката го оставила без текст

Оваа трогателна приказна ни доаѓа од Индија, од хотелот Сабрина во градот Малапурам.

Акилеш Кумар седел покрај прозорот во ресторанот на хотелот и ручал, а додека го јадел својот скап оброк, забележал слабо и изгладнето момче како стои на улица. Акилеш му дал сигнал на момчето да дојде во ресторанот.

По неколку минути, момчето влегло во ресторанот заедно со својата сестра која ја држело за рака. Тој ги прашал што сакаат за јадење, а тие срамежливо покажале кон неговата чинија и рекле дека сакаат да го јадат истото.

Кога завршиле со јадењето, Кумар го повикал келнерот да ја донесе сметката… Но, кога келнерот ја донел сметката Кумар останал без текст кога видел што пишува на неа. Тука стоела една голема нула, а под неа пишувало:

„Не постои каса која би можела да ја наплати големата хуманост. Ви посакуваме се најдобро…“ Споделете со пријателите за и тие да дознаат дека се уште постојат хумани луѓе на овој свет…

Му ја даде картичката на бездомник: По неколку минути на видеото се гледа колку пари извадил бездомникот

Дали би му ја дале својата платежна картичка со пин кодот на некој бездомник?

Најголемиот дел најверојатно нема, но сепак овој Британец не размислува така! Сето тоа го документирал со снимка, на која се гледа младиот човек како седи во градината на едно кафуле навечер. Му се доближува човек со брада во тенирки и после краток разговор, младото момче му покажува дека сè е во ред.

Според коментарите на Фејсбук, бездомникот Кевин му дава парче хартија и го изговара зборот „потврда“. Момчето ја зема потврдата, а брадестиот човек му покажува банкнота од 20 фунти и потоа се ракуваат.

Видеото е објавено вчера и веќе има 115.000 прегледи. Во описот е наведено дека гостинот му ја дал на бездомникот платежната картичка со пинот и му рекол да земе пари за себе.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!