Подаруваат куќа од 200 квадрати, но никој не ја сака поради неверојатна причина (ФОТО)

Сопствениците на куќа во американската сојузна држава Луизијана толку многу сакаат да се ослободат од неа , што ја нудат бесплатно, но никој не сака да ja земе.

Куќата со четири спални е изградена во 1930-тите и заработила страшен углед поради што никој не сака да живее во неа.

Поранешната станарка Дон Велот ДеКлут тврди дека куќата ја опседнал духот на нејзината прабаба Адела, која живеела во неа сè додека не починала,кога наводно паднала додека пренесувала садови во кујната.

“Веруваме дека духот на Адела е во куќата. Живееше 90 години и постојано носеше садови. Таа беше позната по тоа. Секогаш кога некој готвеше нешто, таа принесуваше садови и ја мешаше храната.

Додека живеевме таму секој пат слушавме како тропаат садовите, иако никој немаше во кујната “, раскажува Дон, која се преселила од нејзиниот дом , заедно со семејството во 1980-тите.

Куќата ја презел агентот за недвижнини Силвија МекЛејн, која на Фејсбук објави дека куќата е бесплатна, но новиот сопственик има обрска да ја премести на негов трошок,бидејќи семејството сака да изгради нова куќа на локацијата.

Силвија признава дека има слушнато приказни со духови во куќата, но сепак се надева дека некој ќе сака да ја преземе.

Досега имала една понуда, но купувачот се премислил кога дознал дека преместувањето на куќата ќе го чини околу 557.000 долари, иако Силвија смета дека цената би можела да се преполови ако двокатната куќа од 223 квадратни метри може да се пресели некаде поблизу.

Но според Мирор, никој од локалното население не ја сака поради нејзиното наводно проклетство.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!