Познатиот пејач почина од коронавирус: 48 часа пред смртта сам си ставил инјекција ФОТО

Ѕвездата на мексиканското музичко шоу „Гласот“ (The Voice), Џери Демара почина на 42-годишна возраст откако на својот фејсбук-профил се пожалил на неподносливата болка предизвикана од самоинјектирање на витамински инјекции во задникот, пишува „Метро“.

Демара починал во понеделникот, а странските медиуми пренесуваат дека умрел поради компликации со коронавирусот.

- Advertisement -

48 часа пред смртта, Демара, кој беше номиниран за латиноамериканската награда „Греми“ за најдобар албум, рекол дека трпи неподносливи болки откако сам себе си ставал инјекција со витамини. Не е познато кои витамини ги вбризгувал.

Потоа бил примен во болницата во Калифорнија поради повраќање и поради состојбата на делириум во која бил.

– Јас сум во болница, имам проблеми со задникот. По грешка, инјектирав витамини во истото место три дена. Последната инјекција ја вбризгав завчера. Болката беше неиздржлива – рекол тој.

- Advertisement -

Поради силна вртоглавица и повраќање, тој отишол во болница, каде бил задржан. На видеото тој се пожали на третманот на болничкиот персонал и се слушало дека дише тешко.

Во текот на снимањето на Фејсбук во живо, Демара правел страшни гримаси од болка и тешко дишел, а зборувајќи на шпански јазик се жалел на лекувањето кое го имал во болницата. За жал, по само два дена од снимањето на видеото тој починал.

Како причина за смртта во болницата навеле компликации поради инфекција со коронавирус. Неговата сопруга Клаудија ја потврдила веста на Фејсбук.

- Advertisement -

Демара, исто така, беше одличен текстописец, пишувајќи песни за голем број мексикански музичари.

Извор: Телеграф.рс

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!