Цесар Арнолдо Гомез (50) се заглавил во тунел во кој влегувал за да ја шпиунира поранешната партнерка и таму останал 24 часа.
Ископал тунел под куќата на својата поранешна сопруга, Габриела а работел на него месец дена. Таа рекла дека слушнала чудни звуци во дворот и замолила еден од соседите а погледне за што се работи, а потоа го нашле влезот на тунелот, неколку ножеви и шишиња со вода.
Малку подлабоко во тунелот го нашле и Цесар кој бил заглавен .Од дупката морало да го извлекуваат пожарникари и спасувачи, за на крај да заработи забрана за доближување до својата поранешна. Мексиканската полиција тврди дека Цесар не сакал да излезе од тунелот.
Според наводите на странските медиуми, тие двајцата биле во брак 14 години, но Габриела побарала развод бидејќи Цесар бил многу љубоморен.