Помогнал на стара жена да замени гума – Кога се вратил дома сфатил што му направила!

Љубезноста кон странците денеска е редок случај! Некогаш се разочаруваме во луѓето, а некогаш некој нѐ изненадува со својата добрина. Дознајте што ѝ се случило на постара жена која имала проблем со автомобилот!

Човек возел по селски пат и забележал постара жена како стои покрај автомобилот. Таа имала само дупната гума, но за стара жена како неа, тоа било нешто навистина лошо.

- Advertisement -

Брајан Андерсон застанал и одлучил да ја смени гумата, притоа гребејќи си ги неколку пати дланките. Како што поминувало времето, така тој станувал понечист и рацете повеќе го болеле.

Таа почнала да му зборува и воедно да му се заблагодарува на добрината. Откако Брајан завршил со менувањето на дупнатата гума, жената се понудила да му плати. Но, тој одбил. Тој ѝ одговорил дека гестот е помош на човек во неволја.

Брајан цел живот го поминал во помагање на другите луѓе и воопшто не помислувал да се однесува на друг начин. Токму затоа ѝ кажал дека ако навистина сака да му возврати, тоа може да го стори така што ќе му помогне на некој друг човек кога ќе биде во неволја… „И помисли на мене“, додал тој.

- Advertisement -

Тогаш се разделиле и секој тргнал по својот пат. Подоцна се случува незамисливото… Неколку километри подоле, жената налетала на едно мало кафуле. Влегла внатре за да вечера и да се одмори малку пред да се врати на патот кон дома.

Тоа бил мал ресторан зад бензинска пумпа каде што таа не била никогаш порано. Откако седнала на својата маса, една келнерка ѝ пристапила со чист пешкир за да ја избрише нејзината мокра коса.

Таа имала слатка насмевка која дури ни напорната работа не можела да ја избрише. Не ѝ требало долго време на старицата да забележи дека келнерката е бремена и е пред породување. Токму затоа се запрашалакако е можно некој со толку малку, да дава толку многу на странец. Тогаш ѝ текнало на Брајан.

- Advertisement -

Откако жената завршила со својот оброк, таа ѝ платила на келнерката 100 долари. Келнерката набрзина отишла да ги раситни парите за да ѝ врати кусур, но кога се вратила старицата веќе ја немало. На масата каде што таа седела се наоѓала порака. Во нејзините очи веднаш се појавиле солзи откако ја прочитала:

„Не ми должиш ништо. И јас бев во таква ситуација. Некој ми помогна исто како што јас сега ти помагам тебе и ако навистина сакаш да ми возвратиш, не дозволувај овој синџир од љубов да прекине со тебе.“

Под салфетката имало уште четири банкноти од по 100 долари. И покрај напорната работа, келнерката успеала да го преживее и овој ден. Доцна вечерта кога конечно пристигнала дома, таа легнала во својот кревет размислувајќи за парите и за она што ѝ го напишала старицата.

Како е можно да знаела точно колку пари им требале на неа и нејзиниот сопруг? Со бебето кое ќе се роди наредниот месец, нештата ќе станат многу тешки. Таа добро знаела колку е загрижен нејзиниот сопруг, па токму затоа се свртела кон него, го бакнала и му рекла: „Ќе биде во ред. Те сакам Брајан Андерсон.“

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!