Помогни ми, Господе – молитва која ќе ви даде сила и нова верба

Добрината е најголемата доблест на еден човек. Животот е премногу краток за да трчаме кон материјалните богатства.

Секој ден треба да настојуваме да бидеме се’ подобри и подобри личности… За да најдете нова верба и мир, помолете се со оваа молитва.

До крајот на мојот живот, во овој толку посебен ден, помогни ми Господе: Да се радувам на она што го имам па колку малку и да е, и секогаш да се присетувам на приказната за човекот кој бил тажен бидејќи немал чевли, сè додека не сретнал човек кој немал нозе;

Да им го правам на другите она што би сакал да ми го прават мене, во секој миг да давам од себе повеќе одколку што се очекува, да си поставам цели и да се држам до моите сништа, да барам добро во секое зло што ќе ме снајде и најмногу од сè, да бидам свој.

До крајот на мојот живот, во овој толку посебен ден, помогни ми Господе: Да се прифатам себеси онаков каков што сум не дозволувајќи чувството на должност да ме примора да живеам по обрасци кои други ги направиле за свое добро; И над се’, те молам, остани со мене цел овој ден…”

Извор: Glamur.mk

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!