Постарите се сеќаваат на 25 мај Денот на младоста – Дали подобро се живееше во СФРЈ?

Молитва на празникот Света Петка: Верниците денеска ги кажуваат овие зборови за љубов, мир и радост!

Молитва кон Света Петка – денес е празник посветен на светицата која е заштитничка на жената! Православните верници кај нас на 27 октомври го одбележуваат...

Како Бог влијае на Вас секој ден, а не сте ни свесни за тоа: Ова ќе Ви ги отвори очите!

Во животот често ни се случуваат работи кои не ги разбираме, но кои всушност имаат подлабоко значење. Оваа поучна приказна нека фрли нов поглед...

ВИЦ: Боже, мили, па каде беше цели седум дена?

Го немало Господ цела недела во рајот. Се појавува тој конечно, па Свети Петар го прашува: – Боже, мили, па каде беше цели седум дена? –...

ВИЦ: Психолог и крупен мафијаш во авион

Двајца патуваат во авион од Мајами за Њујорк: – Јас сум психолог. – Јас пак сум крупен мафијаш… Ај да те видам што за психолог си?...

Денот на младоста беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, кој се одбележуваше на 25 мај, а се прославуваше од 1945 до 1988 година.

Овој празник беше поврзан со роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито (1892-1980) и првите години се одбележуваше само како негов роденден, а во 1957 година на негова иницијатива е прогласен за Ден на младоста.

Главниот симбол на овој празник беше Штафетата на младоста, која се пренесуваше околу еден и пол месец низ целата територија на некогашна Југославија и на 25 мај му се предаваше на Тито на величествен слет, организиран на Стадионот ЈНА во Белград.

Штафетата на младоста е воведена во 1945 година, на предлог на младината на Крагуевац, како „Титова штафета“. Во носењето на првата Титова штафета учествуваа 12.500 младинци, кои претрчуваа траса долга 9.000 километри, предавајќи му ги на Тито првите девет штафетни палки и Сината книга со 15.000 потписи од младината на Шумадија.

Првите штафети му се предадени во Загреб, а во следните години, се до 1956 година, Тито лично ги примал последните носители на штафетата пред Белиот двор во Белград, на што претходел свечен пречек на Плоштадот на Републиката.

Штафетата секоја година тргнуваше од различно место и до друга република, секогаш масовно пречекувана ширум некогашната Југославија.

Се до смртта на Јосип Броз Тито во 1980 година, штафетата му се доделувала лично на Стадионот ЈНА во Белград, со пригодна честитка со желби за добро здравје и долг живот, врачувана од најдобрите младинци и младинки.

Штафетата на младоста во 1980 година, која на денот на смртта на Тито на 4 мај се најде токму на патот низ Хрватска, го прекина својот пат и е положена на одарот на претседателот во Собранието на СФРЈ. Штафетата на младоста продолжи да постои и по смртта на Тито, станувајќи симбол на љубов и почит кон неговото дело.

Во 1987 година последен пат на белградскиот стадион е одржана приредбата по повод Денот на младоста, а на 26 јануари 1988 година Сојузот на социјалистичката младина на Југославија го укина слетот, кој беше многу популарен.

За носители на Штафетата на младоста секогаш беа избирани „примерни младинци“, односно најдобрите ученици и студенти, млади работници, истакнати спортисти, учесници во работни акции и воопшто млади луѓе кои се истакнале со своето образование и труд.

АКТУЕЛНО

Луѓето ќе бегаат од своите домови, не чека мрачен период: Експертите предупредија на катастрофата која му се заканува на светот

Луѓето ќе бегаат од своите домови, не чека мрачен период: Експертите предупредија на катастрофата која му се заканува на светот…Ниту една земја на светот...

Германски нобеловец го запрепасти светот: Ракот се добива од овие две намирници

Истражувањата довело до заклучок дека две намирници можат да имаат значително влијание врз создавањето на канцерогени материи во човечкото тело. Германскиот научник и добитник на...

ДОКТОРКА ОД БРЗА ПОМОШ ПРЕДУПРЕДУВА! Сите што го правите ОВА сте во голема опасност, застанете денес!

Стефановиќ советува дека во најтоплиот дел од денот, од 10,00 до 14,00 часот, кој не мора, да не излегува од дома, а освен вода,...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Молитва на празникот Света Петка: Верниците денеска ги кажуваат овие зборови за љубов, мир и радост!

Молитва кон Света Петка – денес е празник посветен на светицата која е заштитничка на жената! Православните верници кај нас на 27 октомври го одбележуваат...

Како Бог влијае на Вас секој ден, а не сте ни свесни за тоа: Ова ќе Ви ги отвори очите!

Во животот често ни се случуваат работи кои не ги разбираме, но кои всушност имаат подлабоко значење. Оваа поучна приказна нека фрли нов поглед...
error: Содржината е заклучена!