Еден човек многу се разочарал од својот живот. Тој бил невработен, жената невработена, децата гладни и боси.
Поради тоа, тој решил дека најлесен спас од тој мизерен живот е да скокне од мостот на најблиската река и да се самоубие. Кога отишол таму, пред да скокне од мостот го здогледал еден рибар и го повикал да слезе долу, за тој да му даде нешто.
Тој слегол и рибарот му дал еден лист со текст и му рекол да отиде дома и таму да го прочита. Доколку и после тоа, тој сакал да си го одземе живото, рибарот немало да го спречи.
Така човекот си отишол дома и го отворил листот. На него пишувало „НЕМА ДА БИДЕ СЕ ТАКА“. Тогаш човекот сфатил дека нешто мора да се смени. Започнал свој бизнис, жена му се вработила, децата тргнале на училиште и се било како што треба.
По неколку години човекот многу се збогатил и имал се што ќе посака. Тогаш се сетил на рибарот под мостот и отишол да го посети. Таму тој му се заблагодарил за пораката и му рекол дека таа порака му го сменила животот. Сега имал се што сака и е многу среќен. Му понудил на рибарот да му купи што сака: јахта, автомобил, стан…
На тоа рибарот вака му одговорил: Човеку изгледа ти не си ја сфатил пораката која беше напишана на листот што ти го дадав.
„НЕМА ДА БИДЕ СЕ ТАКА“ ….