Поучна приказна: Почитувајте ги родителите додека сè уште се покрај вас

Бидете им благодарни на вашите родители. Без разлика како се однесуваат и колку пати ви го поставуваат истото прашање, секогаш обраќајте им се со добри зборови. Ценете ги додека сè уште се покрај вас.

Оваа неверојатна приказна многу ќе ве научи: Еден 80-годишен маж седел на каучот во неговиот дом, заедно со неговиот образован 45-годишен син. Одеднаш еден гавран застанал на нивниот прозорец. „Што е ова?“, прашал таткото. „Гавран“, одговорил синот.

По некое време таткото го повторил прашањето. „Татко, само што ти кажав, тоа е гавран“, рекол синот. По некое време, таткото по трет пат го повторил неговото прашање. Сега веќе се забележувала и фрустрација во гласот на синот кога одговорил: „Гавран е, гавран.“ По некое време, таткото го повторил прашањето и по четврти пат. Сега веќе синот почнал да вика.

„Зошто одново и одново ми го поставуваш истото прашање, кога толку пати ти кажав дека тоа е гавран? Зарем не можеш да го разбереш тоа?“ Таткото отишол во неговата соба и се вратил со стар дневник што го чувал уште од раѓањето на синот.

Го отворил дневникот на една страница и го замолил синот да ја прочита. На страницата пишувало:„Денес мојот мал 3-годишен син седеше со мене на каучот додека на прозорецот имаше гавран. Синот 23 пати ме праша што беше тоа, а јас 23 пати му одговорив дека е гавран.

Го прегрнував секој пат кога ми го поставуваше истото прашање. Воопшто не чувствував гнев туку љубов кон моето невино дете.“

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!