Откако се подобрило здравјето на еден 93 годишен старец од Италија кој бил заразен со коронавирус, бил замолен од болницатата да ја плати сметката што дишел еден ден на респиратор.
Старецот се расплакал. Лекарот му рекол да не плаче за сметката, на што старецот одговорил и ги расплакал сите лекари. „Не плачам за парите кои мора да ги платам. Тоа можам да го платам без никаков проблем.
Плачам заради тоа што веќе 93 години дишам од воздухот кој Бог ми го дарува, а никогаш ништо не морав да платам. Цената за дишење на респиратор за еден ден е 500 евра. Знаете ли колку му должам на Бог? Никогаш претходно му се немав заблагодарено на Бог за тоа!
Зборовите на овој старец нека не замислат. Кога слободно ќе вдишиме воздух, без болки или болести, воздухот не го сфаќаме сериозно. Го сфаќаме дури тогаш кога во болница ќе дознаеме, дека и дишењето на кислород со помош на апарати се плаќа.
Благодарам на Бог на времето кое ми го даде низ целиот живот да можам слободно да дишам!!!
Извор: Seme Sinapovo