Правило за добар брак: Мажот треба да се разведе од мајка си пред да се ожени со саканата!

Драги мои жени, ако мислевте дека вашиот маж е независен маж кој не е под влијание на неговата мајка – веројатно се лажете.

Она што веројатно не сте го забележале до сега, а покажуваат истражувањата, е фактот дека мажите многу наследуваат од своите мајки. Оттука доаѓа нивната поврзаност. Со тоа, големи се шансите дека кај вашиот маж ќе најдете се што мразите кај неговата мајка.

Секако, неговата мајка секогаш треба да има посебно место во вашиот живот и секако секоја жена треба да го почитува тоа, но не сите сме родени за да се разбираме. Некогаш луѓето не се согласуваат со сопствените родители, зошто да мораат со туѓите?

Без разлика дали мажот се оженил на рана или доцна возраст, колку и да поминал дома, живеејќи со родителите (поточно со мајка му), тој апсорбирал многу од неа. Таа е првата женска фигура во неговиот живот која ги претставува сите останати женски фигури.

Ако мајка му е лепенка, веројатно ќе помисли дека сите се такви. Ако мајка му често „звучи“ (за него) ќе мисли дека сите жени се родени само за да звучат. Како неговата мајка се позиционирала кон него и каква слика за жени создава во неговата глава, за разлика од неа, во голема мера се рефлектира во неговиот брак.

Она што мажите треба да го разберат е дека сите жени се различни, и дека треба да се „разведат“ од својата мајка кога ќе се омажат за жена.

Затоа, заборавете на изјавите „Иста си како мајка ми“, „Мајка ми знаеше подобро“, „Мајка ми никогаш не го правеше тоа“, „Стануваш иста како мајка ми“.

Жена ти не ти е мајка и престани да ја споредуваш со неа!

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!