Првиот балканец кој ја прими руската вакцина: Добив целосен имунитет и можете да ми честитате (ВИДЕО)

Докторот, за кој се претпоставува дека е првиот човек со потекло од Балканот кој ја примил руската вакцина, вели дека првата доза на Спутник V, ја примил на 11 ноември, а втората на 2 декември и дека се стекнал со целосен имунитет, а исто така наведува и дека немало несакани дејства.

Црногорскиот лекар и раководител на Одделот за патологија на Универзитетот Сеченов во Москва, д-р Сергеј Бољевиќ, вели дека по двете дози на руската вакцина против коронавирус – Спутник V, добил целосен имунитет.

За руската вакцина, потребни се, како што изјави др. Бољевиќ, две дози на вакцината.

Втората се прима 21 ден по првата и, како што појаснува, се стекнува целосен имунитет.

„На овој ден, добив целосен имунитет и можете да ми честитате“, рекол Бољевиќ.

Тој наведува дека по двете дози немал никакви несакани ефекти. Тој исто така посочува дека некои луѓе регистрирале благи несакани ефекти, но како што додава, тие поминуваат за неколку дена, пренесува Радио телевизија Црна Гора.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!