Професорка од Англија порачала: Новиот вид на коронавирусот има дури 22 мутации! Ова е итен знак за паника

Новиот вид на коронавирусот, кој со голема брзина се шири во делови на јужна Англија, “има необично голем број на мутации, дури 22”, тврди британскиот виролог Венди Баркли.

Професорка Баркли, шефица на одделението за инфективни болести на Кралскиот колеџ во Лондон, рекла за “BBC Radio 4” дека “обично кај вирусите се гледаат една до две промени, но дека новиот вид на ковид-19 има 22”.

“Ова е итен знак за паника. Меѓутоа, морам да додадам дека е биолошки можно вирусот да се менува поради тие мутации”, рекла таа.

Професорката нагласила дека сега е најважно да се дознае дали вакцините и натаму се подеднакво ефикасни против новиот тип на Ковид-19.

Извор: tocka.com.mk

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!