Професорот кој им испрати бизарна порака на студентите, сега е апсолутен ХИТ! (ФОТО)

Известувањето што еден професор наводно им го испратил на своите студенти за да ги извести дека го одложува испитот стана вирално поради бизарните причини што ги наведе.

“За жал, ќе треба да го одложам испитот и да го откажам предавањето во четврток. Ме застрелаа и завршив во Ургентниот центар. Исто така, добив ковид и сум во процес на развод. Консултациите со мојот асистент се се уште од 11 до 12 во понеделник и среда. Ако преживеам, испитот ќе се одржи следниот понеделник “, напишал во објавата што веднаш започна да се споделува на социјалните мрежи. Следната е-пошта на професорот наскоро се појавила на интернет.

“Се чини дека последната е-пошта стана вирална. Ви благодарам за известувањето. За среќа, мојата повреда не беше сериозна, ниту симптомите на ковид. Испитот сеуште се одржува во понеделник. Се надевам дека нема да мамите на испитот како мојата сопруга. Со среќа на сите”, стои во соопштението.

Додека едни коментираа дека професорот е непрофесионален затоа што ги споделува своите лични проблеми со студентите, други го бранеа, а трети тврдеа дека предметниот професор не постои и дека станува збор за лажна објава.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!