Знам како е да се биде емотивно исцрпена. Ако се обидеш да им објасниш на другите, нема да успееш. Како да најдеш зборови за „Сѐ чувствувам толку длабоко, давам толку многу што понекогаш во мене останува само празнина?“
Тоа е како наутро да се разбудиш уморна, затоа што не си можела да спиеш, кога во три часот наутро те покрила познатата осаменост на кој веќе си навикната. А ти гледаш како сите околу тебе се чудат, велат дека погрешно ги правиш работите. Се чудат затоа што не можеш помалку да чувствуваш. Сакаат да престанеш да бидеш толку чувствителна. Им завидуваш на луѓето кои не се грижат за ништо, освен за себе, а ти не можеш ни да замислиш како е тоа.
Постојат луѓе кои едноставно толку силно сакаат, толку силно чувствуваат и на другите целосно им даваат се од себе и тоа до последна капка, што на крај ништо не останува од нив. Постојат такви луѓе кои покажуваат непоколеблива сила кога им помагаат на другите, а не можат да сфатат како да си помогнат на самите себе.
Тоа се луѓе кои го кријат своето срце, за кое другите не знаат. Тоа се луѓе кои се чувствуваат осамено во гужва. Тоа се луѓе кои ги гледаат другите заљубени луѓе и се прашуваат кога тоа ќе им се случи тоа и на нив.
Знам дека колку повеќе луѓе ти веруваат тебе, толку помалку ти им веруваш на нив. Се научи да се потпираш исклучиво на себе. Знам дека веќе немаш сили затоа што тешко е да се обидуваш. На сите им изгледа дека тоа е нормално за тебе, но тоа не е така. Понекогаш мислиш дека нешто не е во ред со тебе, затоа што ти толку силно сакаш. Но, ти не знаеш поинаку.
Луѓето ти се восхитуваат поради твојата бестрашност, љубов, грижа, но тие не гледаат дека твоите очи се уморни, дека твојата верба е исцрпена и дека твојата осаменост е огромна. Сакам да знаеш дека ти не си како другите.
Сакам да знаеш дека сум горда на твојата сила. Сакам да знаеш дека еден ден тоа ќе ти се исплати и ти ќе го добиеш тоа што секогаш го посакуваше, ќе најдеш љубов која ќе те исполнува како што твојата ги исполнува другите луѓе. Во меѓувреме, бидете упорни! Продолжете да се држите за тоа парче верба кое сѐ уште постои во вас.
Продолжете да бидете свои и не се менувајте. Во вас постои нешто што ретко се среќава. Бидете свои и еден ден вашата осаменост ќе се сретне со она коешто ќе ве погледне во очи и ќе каже: „Конечно!“
Извор: Skopjeinfo.mk