Психолозите тврдат дека работи: Ова е реченица што привлекува пари и треба да се изговара секој ден

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Можете да ја изговарате на глас, или во себе. Според законот за привлекување, секој од нас може да го промени својот живот со позитивни мисли. Истото важи и за финансиите, тврдат психолозите, кои веруваат дека една реченица може да влијае на приливот на пари.

Се разбира, ова не значи дека парите ќе пристигнат само додека не правите ништо, така што и во овој случај, напорот и работата се неопходни, но за да привлечете пари, треба да ги промените ставовите за почеток.

Луѓето кои веруваат дека вредат повеќе, ќе бараат повеќе и ќе добијат онолку колку што мислат дека вредат. Сепак, оваа промена воопшто не е толку лесна. Не е доволно само да верувате дека вредите повеќе.

Всушност, повеќето луѓе се плашат од финансиски прашања и од тој страв може да ги пропуштат шансите за напредок, развој и подобрување. Кај таквите луѓе, постои црв на сомнеж што го јаде верувањето дека тие вредат и заслужуваат повеќе.

Потребна е промена од коренот
За да можете навистина да верувате во себе, а со тоа да ја подобрите вашата финансиска состојба, психолозите веруваат дека тајната е во една реченица од седум збора, која треба да се каже гласно, или во себе секогаш кога ќе потрошите пари за нешто.

Таа реченица гласи: „Има многу повеќе од ова на истото место“.
Многу е важно да ја стекнете оваа навика и полека да го прифатите овој начин на размислување. Обраќањето кон себе е исклучително моќна техника, тврдат психолозите, и затоа нема причина да не се обидувате да ги поправите вашите финансии со оваа реченица.

Се разбира, за се е потребно време. За 30 дена ќе почнете да ја забележувате разликата, ако ја кажувате оваа реченица кога ги трошите вашите пари. На овој начин, вашиот став кон работата ќе се промени. Ќе најдете побрзи и покреативни решенија и ќе можете да направите многу повеќе за значително помалку време.

Ќе ви се отворат нови патишта и ќе забележите шанси за кои не сте ни размислувале порано, советуваат психолозите кои се занимаваат со законот за привлечност.

Извор: Zivotenstil.mk

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!