Работници ја откриваат темната страна на работа во Германија: Стануваат еден час по полноќ и работат до 18 часот а платата доцни 2 месеци

Десетици илјади работници од источна Европа работат во месната индустрија во Германија, но откриваат дека ситуацијата не е сјајна. Тие следеле реклами во романските весници: Германија бара работници во месната индустрија. Ја напуштија својата татковина во потрага по подобар живот, а потоа следувало разочарување.

– Работното време беше најлошо. Морав да станам во 1 часот навечер за да започнам со работа. Значи, се будам среде длабок сон, и сè уште морав да работам до 17 или 18 часот – вели еден од работниците од Романија.

Друг вели: „не третираат како робови“ и додава: „мора да носите тони месо секој ден, да ве боли грбот и да заработите само 800 евра на крајот на месецот“. Младиот Романец не крие дека понекогаш плаче поради сè.

Двајцата по три месеци ги напуштија работните места во фабриката за месо, и се вработија во друга компанија, каде се надеваат на подобри услови за работа, пренесува ДВ. Поттик е дека од 1 април, во оваа економска гранка, не е дозволено да се користат сезонски работници.

Претходно, странските работници, всушност, беа вработени во фирми за подизведувачи, што им даваше минимални плати. Но, сега, синдикатите  добија охрабрување во борбата за еднаквост за оваа ранлива група на работници.

Сепак, сега синдикатите и работодавците не можат да се договорат за колективен договор, затоа претставниците на вработените вршат притисок и повикуваат на предупредувачки штрајк. Работниците добиваат информации на романски, полски или руски јазик, бидејќи многумина не разбираат германски јазик.

Сепак, тие потпишуваат договори за вработување, напишани на германски јазик и затоа често предоцна сфаќаат што направиле. Претставникот на синдикатот вели дека во овој домен преовладуваат лоши услови за работа, лоши плати, но и дека луѓето доаѓаат со погрешни идеи и потоа сфаќаат дека „Германија, на крајот на краиштата, не е вистински рај“.

Друг работник (53) вели дека не очекувал рај, но очекувал прилично платена работа. Тој работел како занаетчија на германски градилишта четири месеци, а звучи неверојатно дека заработувал само 300 евра месечно.

Тој вели дека неопходноста го принудила да дојде, да му помогне на своето семејство во Романија и на синот кој сака да студира. Многу Романци кои работат во преработка на месо живеат во градот Елде и велат дека понекогаш ја чекаат својата плата два месеци, поради што не можат навреме да испраќаат пари дома.

– Десет дена јадевме само тестенини со шеќер, баравме плата и ништо. Само не лажат – посочува еден од работниците.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!