МВР информира дека е приведен 24-годишен радовишанец, кој со возило помина низ радовишкото шеталиште.
-Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток”, во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „бмв“, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска во 15 часот во полициска станица Радовиш го приведоа Т.К.(24) од Радовиш, кој бил идентификуван како возач на патничкото возило од снимката, соопштија од МВР.
Тој, на 30 декември околу 22 часот на ул.„22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило.
-По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени пријави.