Русин неможе да докаже пред полицијата: Сите мислат дека е тинејџер,а има 33 години (ВИДЕО)

Иако изгледа како тинејџер, Денис Вашурин, според неговиот извод, е роден во 1987 година, пренесува Одити Централ.

Денис стана една од најинтересните теми на руските социјални мрежи по интервјуто за популарниот канал на ЈуТјуб ,,Васја На Сене”. И тој самиот признава дека секогаш кога ќе им ја открие својата возраст на луѓето, секогаш остануваат во неверување.

Затоа претпочита да живее во мало село во рускиот регион Краснојарск, наместо да се пресели во град. Секој го познава таму, и тој може да помине време правејќи го она што го сака – лов, риболов – и да биде со својата девојка.

Во едно интервју, Денис откри дека неговите родители многу рано забележале дека тој не е како другите деца. Тој секогаш бил најмлад од неговите врсници, но тоа не му пречело на почетокот.

Но, како што стареел, разликата меѓу него и другите деца на неговата возраст станувала се поочигледна, а во тинејџерските години се чинело како да престанал да старее. На фотографија од средно училиште, тој изгледа како дете меѓу своите врсници.

Иако успева да води повеќе или помалку нормален живот, и покрај неговиот необичен изглед, Вашурин признава дека понекогаш мора да објасни и да ја докаже својата вистинска возраст.

Тој се сеќава дека еднаш бил запрен од сообраќајна полиција и се сомневале дека ја фалсификувал возачката дозвола. Откако ги потврдил годините, сообраќајниот полицаец започна да се шегува за тоа колку изгледа млад.

„Зошто морам ова некому да му го објаснувам? се прашува 33-годишникот.

 

View this post on Instagram

 

#август2020#отпуск#лето2020#море#summer2020☀️

A post shared by Денис Вашурин (@denvashurin125) on

Денис вели дека дури и оние што ги познава го прашуваат дали се чувствува толку млад колку што изгледа, но тој вели дека и покрај младешкиот изглед, неговото тело старее исто како и на другите луѓе на негова возраст.

Што се однесува до неговата личност, неговите пријатели и девојката го викаат дедо. „Досаден сум, тврдоглав сум, летаргичен сум, како мечка за време на хибернација“, објаснува Денис низ смеа.

Тој е во врска со својата девојка веќе четири години. За среќа, тие се познаваат подолго време, па тој не морал да и докаже колку години има.

Иако е свесен дека за многумина неговиот младешки изглед може да изгледа шокантно, тој бара да не му се суди само преку неговиот изглед.

„Не можете да го живеете мојот живот“, рече тој. “Не знаете како би живееле во моето тело, во мојата ситуација, каква личност би станале. Затоа, не судете”.

Денис не открива дали некогаш посетил лекар за неговата состојба.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!