Руски научници препорачале сите кои ќе примат вакцина против Ковид 19 да конзумираат храна богата со протеини затоа што недостатокот на протеини, како и стресот, може негативно да влијае на создавањето антитела.
„Луѓето кои ќе примат вакцина против Ковид 19 треба да јадат храна побогата со протеини, затоа што недостигот може да негативно да влијае врз производството на антитела на коронавирус“, рекол Александер Гинсбург, кој ја развил „Спутњик“ вакцината.
„Количната на храна богата со протеини, односно количината на протеини во исхраната има големо влијание на произвдоствот на антитела. Производувањето антитела во организмот е процес кој троши многу енергија, на внесувањето месо, но не и маснотии, има сериозен ефект на тоа“, појаснил тој.
Тој додал дека луѓето кои се вакцинирале треба да се усредоточат на консумирање на висококвалитетни протеини, а според него, количината на храна богата со протеини која се консумира во некоја земја покажува не само колку таа нација е богата, туку и колку е квалитетен колективниот имунитет.
„Сите облици на стрес може да влијаат врз произведувањето на антитела“, нагласил научникот на крајот.