Само додадете ја во чаша вода: Топи килограми, го штити срцето, спречува дијабетис

Вода со краставица е хит напиток откако манекенките го прогласија за најдобро решение за губење на вишокот килограми, но ретко се споменуваат и здравствените придобивки при конзумирање на овој напиток.

1. Проблеми со срце – Паметниот план на исхрана во комбинација со вода со краставица има моќ да ви го заштити срцето. Водата со краставица го намалува крвниот притисок и така се намалува ризикот од срцеви заболувања.

2. Поголеми мускули – Овој пијалак ги храни мускулите со потребните хранливи состојки, па ако сакате да бидат поразвиени, во текот на денот консумирајте барем 2 чаши од овој пијалак.

3. Хронични болести – Некои од нив се дијабетес, Алцхајмер, болест на очите… Краставиците се полни со антиоксиданси кои ја подобруваат функцијата на мозокот, го намалуваат стресот и го спречуваат настанувањето на болести врзани со стареењето.

4. Поздрави коски – Остеопорозата денес е една од најопасните состојби кои може да ве погоди без оглед на годините, а доведува до кривење на коските и болки. Краставицата нема да ја излечи остеопорозата, но може да ги зајакне вашите коски со високото количество витамин К.

5. Свежа кожа – Овој пијалак ќе ја хидрира, тонира и ќе ја смири вашата кожа, затоа што краставицата е богата со силициум кој се користи при третманите за лечење акни. Водата со краставици е богата со антиоксиданси кои и одговараат на вашата кожа.

6. Детоксикација – Водата со краставица е еден од најдобрите пијалаци за детоксикација. Содржи доволно влакна и вода за да ви го исчисти целото тело.

Како да го ја подготвите? – Во 2 литри вода ставете исчистена, исечкана краставица со кора и оставете ја да отстои неколку часа во фрижидер. Пијалакот може да го консумирате наутро или во текот на целиот ден. Нема никакви штетни влијанија затоа што е 100% природен.

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!