„Секое утро станувам во 04:30 часот да му подготвам појадок на сопругот“ – мајка на 4 деца предизвика лавина реакции на социјалните мрежи

Брук Смит, мајка на четири деца од Бризбејн, покрај што се грижи за децата и домот, секое утро станува во пет и пол наутро за да му приготви појадок на сопругот.

„Не си легнувам додека не им приготвам на сите оброк за утредента, додека не им приготвам облека и додека куќата не е чиста и садовите измиени“, напишала таа во една Фејсбук група за домаќински работи.

„Некогаш си легнувам во девет навечер, а некогаш на полноќ, но секогаш станувам во исто време – пет и пол часот, за да му приготвам појадок на сопругот и да му сварам кафе, а потоа си ја пијам својата шолја кафе, си ја мијам косата во мир и тишина, вежбам, медитирам и се подготвувам за денот“, напишала таа и додала:

„Среќна мама значи и среќно семејство. Правете го ова дури и кога се чувствувате мрзеливо, ќе бидете позадоволни во текот на денот.“ По оваа објава, почнале да се нижат коментари.

„Мајка ми го правеше ова за татко ми, но тој е роден во 1929 година, а таа во 1931. Сега е 2020. Мојот сопруг сам си ја пере облеката, децата сами си прават појадок“, гласел еден од коментарите. Но Брук имала подготвен одговор:

„Секогаш постојат позитивни и негативни коментари, а многу жени мислат дека живеам како во 1950-те и дека не би требало да правам вакви работи за сопругот.

Сметам дека ако некој работи на сонце цел ден, најмалку што можам да направам за него е да зготвам и да исчистам. Мислам дека сме посреќно семејство токму поради тие традиционални работи што ги негуваме“, напишала Брук. Што мислите вие за ова?

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!