Почитувани Ви пренесуваме ФБ статус кои се надеваме дека ќе допре до сите нас.. да покажеме одговорност… Добро бе луѓе не ли ви се запали малку сијаличка во мозокот после година дена апелирање како да се однесувате кога сте заболени и како да се заштитите себеси и другите околу вас.
Секој ден по сто пати дневно, година дена! Па мајмуни да бевте, животни да бевте ќе научевте до сега. Ве молам немојте повеќе да тврдите дека сте интелегентни луѓе, дека имате човечност во вас. Не се вреѓајте кога некој ќе ве процени колку сте глупи и ќе ви каже. Амеби!
Секој ден слушам како заболени одите на работа, си ги носите децата во училиште и градинка, иако знаете дека имате ковид, се шетате по маркети пазарите и ширите зараза. Абе што имате наместо душа бе, ќумур ли имате?! Па поголем отров од Ковид сте! Изумреа и млади и стари заради вашата себичност!
Си ги умревте родителите, бабите и дедовците, си ги оштетивте колегите и нивните семејства, врие од деца болни на клиника кои не се знае какви последици ќе имаат после оваа болест. Купишта млади луѓе заболуваат од длабока венска тромбоза пост ковид како една од последиците после 2-3 месеца од дијагнозата. Многу од нив млади девојчиња што треба да раѓаат еден ден! Ако им успее….
Со пола плуќа дишат многумина! Кога ќе разберете дека ова остава сериозни последици за оние што имаат среќа да преживеат?! Уште ли не ви е јасно?! Се потресувам и се вознемирувам секојдневно слушајќи за млади животи што згаснаа. Некогаш не можам да спијам навечер од мислење и тага.
Мали деца оставија зад себе. Психички се пореметивме веќе сите! Не ми е јасно какви ветришта дуваат во вашите празни глави…не ли имате тронка емпатија, нешто во стомакот да ве зачеша, да ве освести?! Блиски луѓе ми се борат за живот, некои едвај се спасија, низ тешка голгота поминаа со психички трауми останаа, нарушено здравје и еден куп последици,сѐ од вашата себичност и негрижа, и за себе и за другите. Говеда умислени гнасни! Саможивници !
Верувам дека ова е 10к пат како читате вакви слични постови, па ве допира ли малку нешто ме интересира?! На пола пријатели од фб прсти им се укочија од пишување молење и апелирање, и џабе сѐ, неандерталци ниедни! Засрамете се!