Сестрата на Јованка Броз ја ја кажа причината зошто таа и Тито немале деца

Животот на Јованка Броз, сопругата на Јосип Броз Тито, нејзиното доаѓање во Белата палата и принудното заминување од неа, почетокот, но и крахот на љубовта со нејзиниот сопруг – сето тоа се теми кои и ден-денес ја интригираат јавноста и историчарите.

Меѓутоа, сето она низ што поминала и сѐ што преживеала Јованка Броз, најдобро го знае нејзината сестра Нада Будисављевиќ, која со брачниот пар живеела долги 25 години.

– Откако Јованка, по војната нѐ пронајде во два сиропиталишта, јас и сестра ми Зора дојдовме во Белград и живеевме во една соба на „Ужичка“ 16. Знаевме дека Јованка работи за Тито и тоа беше голема чест за нас. Но, ние не знаевме дека постои нешто помеѓу нив. Ниту, пак, ни зборуваше за тоа. Не ни кажа дали имала некое друго момче. Го чуваше тоа за себе.

Таа беше убавица, но никогаш не се фалеше ниту себеси ниту својата убавина. Ниту на крај памет не ѝ паѓаше да зборува дека некој ѝ се додворува или нешто слично. Таа еден ден мене и на Зора, во 1952 година, ни соопшти дека ќе се мажи за Тито. Ние двете занемевме на истиот начин на којшто занемевме кога ни рече дека нашиот брат починал.

Тоа беше како да ни соопштила дека ќе се омажи за Свети Петар или дека ќе се омажи за Господ Бог. Бидејќи Тито тогаш беше икона за сите нас, па и за неа. И секогаш велев дека ќе се омажи за својата икона.

За нас, тој исто така не беше жив човек – туку поим. Таа се омажи за својата икона и до крајот на животот за неа не постоеше никој друг освен него – открила сестрата на Јованка Броз, која признала дека таа и сестра ѝ се расплакале откако ја слушнале веста за мажачката, бидејќи мислеле дека ќе мора да се вратат во домот за деца, објавија во една прилика српските медиуми.

Таа раскажала и дека мисли дека одлуката да немаат деца била на Јованка. „Најверојатно тоа беше нејзина доброволна одлука да немаат деца. Бидејќи тоа можеше во тој период да му наштети на Тито. Велам, најверојатно, бидејќи тоа не го знам. Нејзината жртва беше комплетно за него.

Таа, од самиот почеток, се стави во негова служба како некој кој е посветен, како калуѓерка која се посветува на својата религија. Таа го амортизираше секој удар што беше наменет за него. И потоа глумеше дека е многу посилна отколку што беше. Се однесуваше како жена-карпа, што подоцна се злоупотребуваше – раскажала сестрата на Јованка.

Нада и откако се отселила од „Ужичка“ 16, секој ден одела таму за да ѝ помага на Јованка во нејзините секојдневни обврски.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!