Се породила на само 5 години: Приказна за најмладата мајка во медицинската историја

Лина Медина од Перу е позната како најмладата мајка во медицинската историја.

Родена во 1933. година, во земјоделско семејство во перуанското село Тикарпо. Кога Лина имала само пет години, родителите ја однеле во болница. Биле многу загрижени проади тоа што на девојчето и се надувал стомакот.

- Advertisement -

Во почетокот се претпоставувало дека Лина имала тумор. Подоцна се испотавило дека девојчето е во седмиот месец од бременоста. Во мај 1939. година, кога имала пет години и седум месеци, родила момче со царски рез, што било неопходно поради неразвиената карлица на девојчето.

Нејзиниот син при раѓањето имал 2,7 килограми и е наречен Џерардо по лекарот Џерардо Лозади кој јапородил. На основа на медицинската документација заклучено е дека Лина останала бремена пред да наполни пет години.

Извештајот за овој случај е објавен во медицинската публикација La Presse Medicale. Во извештајот се укажува дека толку рано зачнување било можно поради раниот развој на девојчето. Девојчето првиот месечен циклус го добила на 8 месеци, а до четвртата година имала доволно развиени млечни жлезди, додека на пет години веќе било забележано карактеристично ширење на карличните коски.

- Advertisement -

Освен по тоа што е – од кога детално се води медицинска документација – Лина е забележана и како најмлада мајка, но таа е воедно и најмладата личност кај која е документиран предвремен пубертет. Лина сега има 87 години и живее во Лима, главниот град на Перу.

Таа се омажила за Раул Хуард и во 1972. година, 33 години после првото породување, во тој брак го добила вториот син. Никогаш не открила кој е татко на првото дете. Фктот дека Лина му е мајка, а не сестра, Џерардо го дознал дури на 10 годишна возраст. Џерардо се развивал правилно и имал нормален живот.

Починал во 1979. година на 40. годишна возраст од болест на коскената срж. Случајот на Лина не е единствен во историјата на медицината, барем од моментите кога лекарите и научниците започнале да ги бележат овие феномени Пред Лина, на само шест години се породила и Јелисавета Пантуева од Краков.

- Advertisement -

Таа е родена во август 1928. година, а се породила во 1934. година. Породувањето на Јелисавета бил природен, девојчето родило здраво бебе долго 50 сантиметри и тешко 3 килограми. Меѓутоа, во текот на породуњето папучната врвка се сплеткала и детето не го преживеало породувањето.

Јелисавета преживеала, а откако е отпуштена од болница, се преселила со семејството на Далечниот исток, каде што тргнала во училиште, но нема доверливи податоци за нејзината понатамошна судбина.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!