Луѓето се склони кон критикување за туѓите животи кога доаѓа до чудни разделби или спојувања. Меѓутоа, не се секогаш подготвени да ги увидат причинитена тие случувања.
Чудна приказна доаѓа до Кина, која покажува колку нешто што на прв поглед е неправилно, на крајот излегува прекрасно. Ксие Ксипинг го негувала својот поранешен маж Ксу Ксиан откако што останал парализиран откако имал несреќа во рудникот во кој работел во 2002 година.
Ксу работел во рудникот во покраината на Хенан кога камен паднал врз него и тој останал апрализиран од половината надолу. Му било исплатени околу 5.000 евра како отштета. Некогашниот пар се венчал во 1996 година и има син и ќерка.
Грижите на Ксу почнале кога неговите родители му рекле дека неговата сопруга ќе го напушти поради неговата состојба. Меѓутоа, таа им покажала на сите дека погрешиле. Таа инсистриала да остане и да води грижа за него, заедно со децата.
Нејзиниот маж почуствувал потреба да и каже дека треба да се разведе од него и дека таа треба да си ја пронајде среќата со некој друг. „Доколку не ме оставиш, јас ќе бидам со тебе до крајот“, рекол Ксу.
Така во 2009 година Кси конечно решила да се разведе од својот маж и да се омажи за неговиот колега Ли Зонгинк. Невројатно е тоа што новиот пар не се откажал од Ксу, туку заедно почнале да водат сметка за него.
Кси во 20012 година родила син и сега сите живеат заедно под ист покрив. Иако оваа ситуација е конфузна сите се многу среќни. Грижата на Кси кон нејзиниот поранешен сопруг е неверојатна, а исто време и контроверзна.
Меѓутоа, цела оваа ситуација сепак покажува дека љубовта не знае граници.