Човекот за кој се омажив имав чувство дека го знам цел живот. Бевме со години во врска и навистина се гледаше дека тоа е тоа. Дека нашата иднина ни е загарантирана.
Не само иднината туку се сложуваме во се. Секогаш имаше договор помеѓу нас двајца. Ништо не криевме, и за се разговаравме. По 5 години врска се одлучивме за свадба. Односно тој ме запроси, а јас се согласив. Знаевме дека тоа следуваше. Тоа беше реален чекор.
Не живеевме заедно претходно. Беше договор по свадбата да се преселиме кај неговите бидејќи имаа мала куќа до нивната за да ни биде по комотно. Иако беа блиску сепак тоа ни беше единствена можност во тој момент. И да имаме некоја своја приватност. Се беше совршено. Се се договоривме и така се земавме.
Поминаа неколку месеци од бракот и морам да признаам дека тој се промени и почна многу чудно да се однесува. Не знаев што му е. Мислев дека можеби му е се тоа ново и дека му треба време, но ништо не се менуваше. Оставив се и реков ќе видиме. Треба време.
Јас и понатаму продолжив со животот како и претходно. Имав 24 години. Сакам уште малку да се забавувам со пријателките. По некој пат да излезам на кафе и слично. За деца има време…
Но, всушност време немаше кај мојот сопруг, тој тоа го сакаше веднаш, но го криеше. И така „пукна“ еден ден и се ми кажа во фаца. Сфатив дека тоа е тоа што го мачело цело време. Но сега пукнало.
Можевме за тоа и убаво да разговараме. Но тоа најверојатно му било задача да ме ожени и да ме смести во куќата за да му раѓам деца, готвам, перам и чистам. Тоа е се што јас не го планирав на своите 24 години.
Викаше од петни жили како не ми било срам толку да се дружам и да пијам кафиња како мажена жена. Наместо да седам дома и да ги правам работите кои ги прават жените. Никогаш немало ручек, а кога имало се било одвратно. И ако не сакам тоа да го правам да се „гонам“ од неговата куќа. Значи тој човек кој го познавав толку долго и кого толку многу го сакав се промени преку ноќ.
По тоа се оставив и заминав, но никогаш не дознав ниту ме интересираше подоцна дали сите овие години тоа го планирал и трпел или едноставно во него пукнало нешто во тој момент. Јас замислував брак со деца и семејство, но ми требаше време.
Односно тоа требаше да биде се полека. И не беше само тоа проблем туку неговиот пристап ме натера да го замразам. Се падна во вода така и нашиот брак. Сега сум сама и најголем проблем ми е на кого после ова ќе можам да му верувам….