Со затоплувањето се размрдаа влекачите: Ако видите смок не мора да го убиете – еве што да направите

Со зголемување на температурите полека се раздвижуваат и влекачите, па можно е да се случи да видите по некоја змија или смок.

Кристијан Овари е биолог на „Бео зоолошката градина“ во Србија и вели дека луѓето кога ќе видат змија обично не знаат дали е отровнам но сепак би требало да знаат дека оние кои се во населени места низ градот се всушност безопасни. Во главно се работи за смок или белоушка, а можно е да се сретнат деновиве по улиците.

Смук е безопасен животински вид. Не претставува никаква опасност за луѓето, освен естетската. “Тој е многу безопасен, бидејќи се храни со мали животни што ги гуши и голта. Не претставува никаква опасност за луѓето, освен за естетската, сигурно не треба да се допира”, објаснува Кристијан Овари, биолог од „Бео” Зоолошка градина.

Смокот често живее во градови и населениместа. Всушност живат таму каде што има глувци. “Овој неверојатен животински вид е насекаде околу нас. Тој сака карпести области, сака стари напуштени згради, подруми, всушност ги сака сите оние места каде што глувците природно ползат”, вели Овари.

– Доколку видиме смок, нема причина за страв, бидејќи е безопасен. Доволно е само да се заобиколи или доколку мног се плашите, земете една метла и само нежно поместете го настрана. Многу е важно да сфатите дека змијата многу повеќе се плаши од нас отколку ние од нив“ вели Овари.

Смокови се плашливи животни, не напаѓаат и не се отровни. Тие ќе побегнат ако им пријдете на неколку метри подалеку. Нема причина да ги убиете, тие се безопасни. Стравот од змии се нарекува офидиофобија и може да се надмине.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!