Спас од камен во бубрег: На 15 километри од Кичево најлековитата вода во Македонија

Свињиште, планинско село на 15 километри од Кичево, веднаш покрај патот за Демир Хисар. Природата му дарила две добра – букува шума и минерална вода, која лекува камен во бубрегот, камен во жолчката, чир на желудник и гастритис.

Ја има во изобилство, а на двете чешми на крајот од селото луѓе од Кичево од Струга, Охрид и Гостивар секојдневно полнат шишиња и пластични туби за дома. Во викенди, доаѓаат стотици, кој со автомобил, кој со трактори, и поради тоа многу долго се чека.

- Advertisement -

Од Кичево, на изворот најчесто доаѓа во работен ден, кога човек може по спокојно да се снабди со вода, објави Канал 5.

Досега за оваа лековита чиста и бактериолошки исправна минерална вода никој не пројавил ниту интерес да инвестира ниту индустриски да ја флашира и да ја дистрибуира.

Ако се искористеше ова природно богатство, велат мештаните во селото, ниту некој ќе се иселеше од Свињиште ниту на град ќе помислеше.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!