Српската докторка Грујичиќ по борбата со Ковид 19: Веднаш откако изедов сланина ми беше подобро

Српската докторка Даница Грујичиќ, врз основа на сопственото искуство тврди дека кај заразата коронавирус многу е важно на време да се открие.

„Имав среќа да имам лесна клиничка слика, поради која релативно брзо закрепнав, и да имам се уште имунитет, што е многу важно затоа што можам слободно да се движам меѓу пациентите и меѓу вработените“, наведува Грујичиќ.

Објаснува дека симптомите ги почувствувала после погребот, на кој како што вели, имало многу луѓе во мал простор.

„Ми почина блиска роднина и не можев да не одам на погреб. Имаше многу луѓе во мал простор. Иако просторот беше отворен не беше доволно. Некој кој бил заразен го пренел вирусот на мене“, додала докторката за Курир.рс.

„Не го изгубив чувството за мирис, ниту апетитот. Штом изедов две парчиња сланина – ми беше подобро“, вели таа.

Додава дека денес, три месеци после заразата се уште не е во состојба да тренира како порано.

Пациентите кои се заразени ги советува да бидат дисциплинирани, да ги слушаат препораките на лекарите, но и својот организам.

Важно е да конзумираат витамини Ц и Д, како и многу течности.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!