Не посегнувајте веднаш по лековите, постои едноставен начин да се ослободите од главоболката.
Кога сме под стрес, често несвесно ја притискаме вилицата и крцкаме со забите. Со тоа ги растегнуваме мускулите кои ја поврзуваат вилицата со слепоочниците и со тоа предизвикуваме главоболка.
А, наместо веднаш да посегнеме по лекови, постои и подбро решение.Ставете молив помеѓу забите, но немојте да гризете – вели Фред Шефтел, лекар и директор на Центарот за главоболки во Станфорд.
Тој објаснил дека со овој потег веднаш ќе ги опуштите мускулите на вилицата, а главоболката брзо ќе исчезне.