Ставете ја оваа билка во спалната соба – го намалува рчењето и ги прочистува воздухот

Рчењето може да биде голем проблем и причина за многу непроспиени ноќи, но и кавги и лоши односи меѓу партнерите. Никој не сака да биде извор на бучава, ниту оној кој треба да слуша  рчење, а освен тоа, може да го загрози здравјето.

Лекарите го поврзуваат рчењето со висок крвен притисок, кардиоваскуларни проблеми, па дури може да доведат до мозочен удар или срцев удар. Оштетените мукозни мембрани исто така можат да бидат причина настински и зголемени крајници.

Сепак, постои и еден природен начин што може да помогне против ‘рчењето. Една спроведена студија покажа дека растението бромелијада или, поедноставно, ананасот, го намалува рчењето и го подобрува сонот.

Ова растение произведува кислород ноќе, и го подобрува квалитетот на воздухот и спиењето, пишува „Veriplant World“. Покрај тоа, бромелијадите го произведуваат ензимот бромелаин кој го смирува ‘рчењето. Сепак, според „Дејли меил“, на ова растение му требаат околу 2 години за да се појави ананас, што не е за јадење, но има украсна природа.

Бромелијадите најмногу се одгледуваат во Холандија.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!