![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
Во соседна Бугарија има многу свети места за кои се верува дека имаат чудесни лековити моќи. Стотици луѓе секојдневно се упатуваат кон нив со надеж за оздравување, простување на гревовите и за душевен мир.
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
Едно од најпосетуваните свети места со лечителна моќ е т.н.Стапката на Бородица. Верниците и страдалниците од целата земја и регионот се собираат секој 15 август во месноста Бородична стапка каде се наоѓа одморалиштето со Старозагорските минерални бањи, со надеж за излекување и закрепнување на душата и телото.
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
Според преданието, во времето на Римското царство, кога регионот бил римска провинција, на искушениците во христовата вера а императоски легионери стационирани во регионот им се појавила Божјата мајка. За да ги убеди дека тоа е најсилната вера, Богородица оставила отпечаток со своето стапало на врвот од карпата под која бил поставен логорот на легионерите.
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
Римските војници тајно се преобратиле во христијанството и оттогаш областа е претворена во свето место. Според друго верување, во водата која се собира во стапката, Божјата мајка го избањала своето дете. Дури и при најжешките горештини, шуплината на стапалото на Девицата е полна со вода. Според легендата, оваа света вода има лековити моќи. Покрај тоа, има пукнатина во истата карпа, проодот низ кој се преминува за прошка на гревовите.
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
Областа е поврзана и со историјата на Тракијците, кои своите ритуали ги извршувале истото свето место. Се верува дека тие, исто така имале жтрвопринесување за што сведочи и камениот саркофаг, пронајден во близината. Тука се наоѓале најстарите рудници за бакар во Европа, од каде потекнува силното енергетско зрачење. Се верува дека токму ова зрачење лекува и го зајакнува здравјето.
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
Со силното позитивно енергетско поле, научниците го објаснуваат и феноменот на исполнети желби. Молитвите на секој што поминал барем неколку часа на чудотворната карпа, се остваруваат. Физичари по енергетика тврдат дека по Рупит и Крастова Гора, ова е трето најсилно поле со позитивна, лековита енергија во Бугарија. Монасите што ги носеле моштите на Свети Иван Рилски исто така, ја поминале ноќта на ова место.
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
![](https://i.imgur.com/cfSDLCF.jpg)
За да го постигнат посакуваниот ефект, оние што доаѓаат тука, мора да остават нешто од себеси. Затоа областа е украсена со марамчиња, марами, панделки и други лични работи што висат на гранките.