Студен бран се движи кон Македонија: Метеоролозите најавуваат врнежи од снег

До сабота ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, со појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и во претпладневните часови. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Потоа од недела следува променливо време со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, температурите ќе бележат тенденција на значителен пад а сево ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец, информира метеорологот Славчо Попоски.

На самиот почеток од следната недела, поради поголемото заладување на времето и продорот на значително постуден воздух од север, услови за повремени врнежи од снег ќе има и на некои пониски места.

Во Скопје и околината до сабота ќе се задржи стабилно и суво, со услови за појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови.

Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 9 степени, од недела следува променливо време со услови за повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Поради значителното заладување, на самиот почетокот од следната недела и во Скопскиот регион ќе има услови за провејување на снег.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!