29-годишниот Урош Ѓ. од Пожега и неговата девојка, 30-годишната Јована биле пронајдени во вторникот вечерта мртви во викендичка во селото Кремна кај Ужице, а според првичните резултати на истрагата, постои сомнение дека ги убила струја во купатилото.
Се претпоставува дека двајцата млади загинале уште во понеделникот вечерта, а телата биле пронајдени ден подоцна, откако Урош и Јована не им се јавувале на родителите и на пријателите на телефон, па мајката на Урош ги замолила роднините да одат до викендичката да видат што се случува.
-Роднина ги нашол мртви на подот од купатилото – вели извор за Курир.рс и продолжува: Ќе им се направи истрага и обдукција, се очекуваат резултати, тие ќе покажат што точно се случило. Засега претпоставка е дека момчето дошло до туш-кабината да се истушира, дошло до струен удар, а девојката настрадала дкога се обидувала да му помогне.
ден од роднините кој дошол да ги провери младите, во викендичката затекнал страшна глетка. Веднаш повикал Итна помош и полиција. Младиот пар и претходно доаѓал за празници и викенди овде.
-Двајцата работеа во „Будмци“ заедно, се сакаа, сонуваа за брак, заеднички живот и деца. Двајцата беа инженери. Но, еве каква трагедија се случи, којзнае дали еден по друг, рекла пријателка на семејството.